Средба Ахмети-Бјорнстад: ДУИ ќе го даде својот придонес кон решавање на кризата

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска на средба со амбасадорот на Норвешка во Македонија, Арне Санес Бјорнстад, на која, како што соопшти ДУИ, се разговарало за политичката ситуација во државава и напорите да се заврши конститутивната седница на Собранието и изборот на новата влада.

Ахмети, според соопштението, истакнал дека главните парламентарни партии мора веднаш да почнат дијалог за продолжување на конститутивната собраниска седница што ќе резултира со избор на претседателот на Парламентот и ќе се деблокира оваа значајна институција.

– ДУИ ќе го даде својот конструктивен придонес во овој поглед и ги поддржува сите напори кон решавање на кризата, се вели во соопштението.

Ахмети, како што соопштува ДУИ, нагласил и дека политичката и институционалната криза во никој случај не треба се претворат во меѓуетничка криза, а политичките партии во државава треба да го дадат својот придонес во таа насока.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче