Сребреник со ликот на Мајка Тереза за ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“

Од:

Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи денеска му додели  сребреник со ликот на Мајка Тереза на ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“ во Ѓорче Петров. 

– Комисијата  ја подарува оваа сребрена пара која, всушност, првпат се појавува во знак и во чествување на светицата Мајка Тереза. Има многу малку уникатни парчиња, но сметавме дека првата, секако, треба да биде за Геронтолшкиот завод „13 Ноември“, изјави директорката на Комисијата Валентина Божиновска.  

Во рамки на татковинската прослава по повод канонизацијата на Мајка Тереза, денеска свечена академија организираше Филозофскиот факултет на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Поздравни обраќања имаа Горан Ајдински, декан на Филозофскиот факултет,  Валентина Божиновска, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, и Јован Пејковски, раководител на Институтот за социјална работа и социјална политика „Мајка Тереза“ при Филозофскиот факултет Скопје.

Во катедралата „Свето Срце Исусосво“ во Скопје вечер ќе биде одржана света миса.

Би можело да ве интересира

Пожар во бараката на Управата на Клиничкиот центар во Скопје

Индија забрани организацијата Мајка Тереза да се ​​финансира од странство

Османи во Ватикан по повод одбележување пет години канонизација на Мајка Тереза

А1он

Почнува културната манифестација „Светлото на Гонџе“

Ана Ололовска

Со свечена академија завршуваат 21. „Денови на Св. Мајка Тереза“

Ана Ололовска

Џафери: Мајка Тереза е симболот на бескрајната хуманост, на љубовта кон човекот, на грижата и сочувството кон болните и сиромашните

Ана Ололовска