Србинка почина во Охридското езеро

Од:

На плажата Сараиште почина 40-годишна жена, гостинка од Србија. Според првичните информаии најверојатно добила срцев удар кога влегла во езерото. Било веднаш реагирано од страна на волонтер на Црвениот крст кој случајно се нашол на плажата и неколку други луѓе но се биле залудно затоа што жената била извадена помодрена од езерото.

На плажата и била пружена прва помош и бил направен обид за реанимација но телото веќе не давало знаци на живот.

Гостинката од Србија во Охрид била дојдена со нејзината сестра.

Плажата Сараиште каде што се удавила е без концесионер и нема спасители на вода. За брзо време дошле од соседната плажа со дефибрилатор но веќе било доцна за гостинката од Србија.

Би можело да ве интересира

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион