Србинка паднала од покрив на ресторан во Тетово

Од:

На 24.8.2022 околу 19 часот во СВР Тетово пријавено е дека од балкон во стан на улица „Јане Сандански“ во Тетово, во кој престојувала заедно со О.О.(38) од тетовска Голема Речица, на покрив од угостителски објект во приземјето на зградата, паднала 29-годишната С.Ј. од Република Србија.

Таа била пренeсена во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид од екипа на СВР Тетово, при што во станот биле пронајдени и подигнати остатоци од кокаин и други предмети.

По завршување на увидот О.О. е лишен од слобода и по расчистување и документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари