Србија си ги повлекла полицајците кои помагаат за мигрантската криза во Гевгелија

Од:

Република Србија си ги повлекла од Македонија полицајците кои помагаат во справување со мигрантската криза на границата со Грција.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев аплеира до другите држави кои со свои екипи учествуваат во патролирањето на нашата јужна граница во овој момент да не ги повлекуваат своите полицајци бидејќи мигрантската криза и понатаму е безбедносен ризик.

„Република Србија ги повлече десетмината полицајци кои што беа ангажирани во патролно обезбедување на јужната граница. Ние апелираме до сите други држави кои што имаат полицајци на нашата јужна граница да не ги повлекуваат и долкоку е можно да им се продолжи ангажманот, да имаат уште една смена, односно уште една ротација од две недели полицајците кои се наоѓаат на јужната гранца, чиј број во моментот изнесува 130. Со повлекувањето на српските полицајци ќе бидат 120“, рече министерот Чулев.

Тој нагласи дека вчера Србија ги повлекла и граничните полицајци кои работеле на заеднички пунктови на граничниот премин Табановце.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари