„Срамота е патриот од 120 кила да гледа како баби и дедовци го бранат Уставот и честа на државата“, рече адвокатот на Игор Југ

Од:

Во кривичниот суд попладнево продолжи судењето за настаните од крвавиот четврток.

Адвокатот на обвинетиот Игор Југ, Сашо Јанев, рече дека кога почнал да го застапува неговиот клиент, го прашал, што правел таа вечер во Собранието, Југ, му одговорил дека е срамота да гледа како баби и дедовци влегуваат во Собранието да ја бранат честа и Уставот на Рeпублика Македонија.

„Срамота е маж од 120 кила, кој себе си се смета за патриот, да не прави ништо, и да гледа како баби и дедовци влегуваат за да го одбранат Уставот и честа на државата”, рече адвокатот на Игор Југ.

„Не би можел да се погледнам во огледалото, ако не им се приклучев на уставобранителите”, му рекол обвинетиот на адвокатот.

Според тврдењето на адвокатот, Југ, влегол да спречи пуч, неуставниот избор на претседател на Собранието и пеењето химна на туѓа држава, како и да го одбрани Уставот на Република Македонија.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски