„Срам ми е што сум тука“ – Се расплака обвинетата Анета Стефановска за „Титаник 2“

Од:

Со паузи, испрекинат глас и солзи во очите, обвинетата Анета Стефановска во завршниот збор за предметот „Титаник 2“, рече дека не е виновна за делото кое и’ се става на товар, а во врска со гласањето како членка на Државната изборна комисија за усвојувањето на приговорот за прегласување на избирачко место во Струмица.

dobivaj vesti na viber

„Не се сеќавам како сум гласала. Никој не ми сугерирал како да гласам. Нека дојди да пријди и да ми кажи некој од овде дали ми кажал како да гласам“, рече Стефановска.

Кажа дека не се сеќава како гласала, зашто поминале на седницата на ДИК илјадници приговори.

„Важам за угледна личност во мојот град со 14-годишно функционерство. Висок углед има и мојата фамилија. Срам ми е што сум овде без никаква причина. Тоа влијае на моите морални квалитети“, рече Стефановска.

Обвинетата кажа дека судскиот процес влијае врз нејзиното здравје, дека е професионалец и дека СЈО не ја докажало нејзината вина.

„И сега кога би гласала, би гласала на ист начин. Моето кревање рака не значи одлука, зашто останатите членови може тоа да не го изгласаат“, кажа Стефановска пред судот и образложи дека гласањето е нејин личен став.

Во случајот „Титаник 2“, за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување се обвинети лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и поранешните членови на ДИК: Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев. Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание.

Според обвинението на СЈО, Мијалков и Тачи се испазариле и успеале незаконски да биде поништено гласањето на локалните избори во Струмица во 2013 година. Во предметот беа обвинети и 5 управни судии, но Апелацискиот суд ги спаси од кривичен прогон.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Дума и Кондарко повторно сведочеа во „Титаник 2”

Ана Ололовска

Продолжува судењето за „Титаник“

Катерина Павлова-Николовска

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов