Општина Гази Баба, по барање на жителите, заедно со Здравствен Дом Скопје – пункт за мобилна вакцинација, спроведе теренска вакцинација во населеното место Раштак за старите и изнемоштени лица.
„Мобилниот пункт беше поставен во просторијата на месната заедница Раштак, а извршена беше и теренска вакцинација во домовите на стари лица, кој имаат отежнато движење. Вкупно аплицирани се 30 вакцини, прва доза, од производителот СИНОВАК.
Покрај пријавените постари лица, на пунктот за вакцинација, денес се пријавија и помлади жители, кој исто така имаа можност за вакцинација на овој пункт.
Упатуваме голема благодарност до вработените од Здравствениот Дом Скопје, кој денес на терен ја извршуваа вакцинацијата. Благодарност за нивната пожртвуваност целиот овој период во борбата со вирусот КОВИД-19“, велат од Гази Баба.