Спречен обид за шверц на скоро 4.5 килограми сребрен накит на „Богородица“

Од:

Царинските службеници од граничниот премин Богородица спречија обид за криумчарење на поголема количина непријавен сребрен накит.

Како што денеска соопшти Царинската управа, за влез во Република Македонија, вчера во 17 часот се пријавило патничко моторно возило со српски регистарски таблички управувано од државјанин на Република Србија, придружуван од неговата фамилија. На прашањето на царинскиот службеник дали имаат да пријават нешто истите одговориле негативно.

Под сомнение во изјавата, цариските службеници го селектирале возилото за детална контрола при што на повеќе места во возилото, меѓу кои потпирачот за рака помеѓу двете предни седишта, околу менувачот, во просторот под пепелникот, во џебовите од јакна оставена на задното седиште, во патна торба во багажниот простор како и при извршен личен претрес на возачот во предните џебови од панталоните и околу вратот под блузата, се пронајдени 4.210 грама различен сребрен накит. Пронајдени се 222 прстени, 140 пара обетки, 160 привезоци, 61 нараквица, 71 синџирче, 4 алки и друго.

Накитот е привремено задржан, а против сторителите е отпочната кривична постапка.

Би можело да ве интересира

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски

Македонско-бугарска банда кримчарела луксузни автомобили во земјава

Катерина Ѓуровски

Судот протера двајца Срби кои шверцувале цигари во Македонија

Николовски: Приходите од царина зголемени за 15,2 проценти

А1он

Димитриеска-Кочоска: Царинската управа во изминатата година јасно покажа дека може да биде сервис на државата, на граѓаните и на стопанството

Македонски државјанин „падна“ во Црна Гора, осомничен е за перење пари