Според тетовската полиција, кучето кое со страотни крици падна од зграда,никој не го турнал

Од:

СВР Тетово денеска извести дека се преземени сите потребни мерки за расчистување на случајот со паднато куче од зграда во изградба.

Според портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, извршени се службени разговори со двајцата пожарникари кои биле повикани да го заловат и отстранат кучето од објектот во кој работници изведувале градежни работи, како и со лицето пријавител и очевидец на паѓањето на кучето.

– Притоа, утврдено е дека не се точни шпекулациите дека наводно некој го турнал кучето. Местото на паѓањето е фотодокументирано и по целосно комплетирање на сите службени материјали ќе биде изготвено писмено известување кое ќе се достави до јавен обвинител, информираше Јосифоски.

Во петокот се појави видео снимка во која куче паѓа од зграда во Тетово. Тоа по падот угина, а граѓаните споделувајќи го на социјалните мрежи пишуваа дека човек го фрлил. Вчера изјава за случајот имаше и пожарникарската единица од каде посочија дека никој не го фрлил кучето туку, дека тоа било исплашено и бегало од пожарникарите кои добиле повик да го изнесат од објектот што е во градба.

Активистите жестокот реагираа на објаснувањето од пожарникарската единица со прашања зошто кучето исушта ужасни крици и е доведено во ситуација да биде на работо од необезбедениот објект, ако пожарникарите „само сакале да го изнесат“.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски