Румен Радев: Ситуацијата во Македонија е алармантна, очекувам ЕУ да помогне

Од:

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска разговарал со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини за ситуацијата во Македонија.

Тој ги опиша разговорите како детални, јави БТА.

– Разговаравме многу подробно за ситуацијата во Македонија. Таа е алармантна, посочи Радев.

– Имам гаранции дека прашањето за Македонија ќе биде поставено многу сериозно и очекувам да биде поддржана нашата визија дека ЕУ треба да помогне во обновата на дијалогот меѓу партиите и меѓу институциите. Ова е најважно за зачувување на безбедноста во регионот, изјави претседателот на Бугарија, кој учествува на вонредниот Европски совет во Брисел.

Би можело да ве интересира

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Почина бугарскиот патријарх Неофит