Според Холандија мали се шансите за преговори на 22 јуни

Од:

Министерската за надворешни работи на Холандија, Сигрид Каг, одржа дебата со пратениците од парламентарната комисија за европски прашања, меѓу другото за можноста за зелено светло за првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија на 22 јуни.

Министерката Каг денеска пред холандските пратеници изјави дека Холандија поддржува усвојување на преговарачката рамка за Северна Македонија и за Албанија, но дека со оглед на блокадата на Северна Македонија, мали се шансите рамките да бидат усвоени на 22 јуни на Советот за општи работи на Европската Унија.

И покрај отпорот од некои политички партии во земјата, позицијата на Холандија во однос на Албанија е значително променета и Хаг нема резерви кон Тирана како што беше случај до сега, за одржување на првата меѓувладина конференција. Холандија смета дека земјата ги исполнува потребните услови, а преговарачкиот процес на ЕУ врши доволен притисок за реформирање на судскиот систем и владеењето на правото за да се надминат колебањата на холандската јавност, смета министерката.

Таа се повика и на геополитичката состојба на ЕУ во однос на другите големи сили присутни на Западен Балкан.

Со оглед на тоа дека и Европската Комисија и повеќето земји членки на ЕУ не сакаат одвојување на Скопје и Тирана во овој момент на процесот, ќе треба да се види дали во наредните денови Софија ќе направи исчекор. Во спротивно, Бугарија би можела да биде одговорна не само за блокадата на Северна Македонија туку и на Албанија, објаснуваат дипломатите во ЕУ.

Холандската министерка за надворешни работи во холандскиот Парламент посочи дека португалското претседателство работи на надминување на спорот и изнаоѓање решение.

Утре холандскиот Парламент би требало да одржи уште една дебата на оваа тема, овој пат на пленарна седница, на која пратениците ќе заземат конечен став.

Би можело да ве интересира

Хаќим Рамадани по поразот во Брвеница бара работа само во приватни компании

Судењето за „Геријатрија“ во фаза на доказна постапка, наредното рочиште на 10 ноември

Лишен од слобода возачот кој денеска удри велосипедист на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје и го напушти местото на настанот

Предраг Петровиќ

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

Александар Јовановски води пред Фатмир Дехари во Кичево

Златко Ристов останува градоначалник на Конче