Спомен плоча со букви од албанската азбука во „Браќа Миладиновци“ во Струга?

Од:

Спомен плоча со имињата на 24 просветители Албанци и со неколку букви од албанската азбука треба да биде поставена во дворот на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Овој предлог доаѓа од советникот во струшкиот совет Хинор Кица , а на барање на поранешни просветни работници од Струга. Според предлагачите станува збор за личности кои ставиле темел на првите паралелки на албански јазик во Македонија.

Советникот Хинор Кица вели дека целта не им е да ги навредат останатите заедници кои живеат во Струга,особено не Македонците . Но за предлогот да стане реалност треба да добие зелено светло од струшкиот совет, односно за него да гласаат и советниците Македонци, бидејки ваквите предлози се носат со Бадентер.

Во овој предлог нема никаква политичка позадина. Ние со овој предлог не сакаме да повредиме никого. Едноставно сакаме да биде поставена спомен плоча на која ќе биде поставувано цвеќе на денот на Албанската азбука 7 ми март, ден кој е усвоен и од страна на Владата на Република Македонија. Идејата е таа да биде поставена во основното училиште „Браќа Миладиновци“. На неа ќе бидат напишани 24 имиња,а од левата страна ќе биде нацртана книга и испишани првите неколку букви од албанската азбука, рече советникот Кица.

За оваа спомен плоча согласност треба да се добие од страна на сите советници, бидејќи предлогот треба да помине со Бадентер, додаде Кица, според кого дел од средствата за нејзино поставување ќе бидат собрани преку донации, а со свои средства ќе учествува и општината.

Иако беше направен одбид предлогот да биде протуркан на последната седница на струшкиот совет пред неколку дена, иако за него не било разговарано на претохдните координации меѓу советнички групи, на иницијаторите тоа не им успеа. Тие се надеваат дека предлогот без проблем ќе добие согласност од советниците веќе на наредната седница.

Од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Струга се уште се немаат изјаснато дали ќе ја подржат оваа иницијатива. Пред неколку месеци струшкиот градоначалник ја покрена иницијативата за промена на имињата на улиците и мостовите во Струга во најголем дел со имиња на личности од албанската историја, но по реакцијата на јавноста во Струга, предлогот за сега е ставен во мирување.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Опожарена трска на струшкото крајбрежје

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Во Струга пронајдена почината жена

Автомобил излета од „Партизанска“ во Струга, тешко повреден е возачот

Горан Наумовски