СПМ со осуда за притисоци, вознемирување, мобинг на нивните колеги, полициски службеник од Куманово ја напуштил државата

Од:

Синдикатот на Полиција на Македонија (СПМ), информира дека Министерството за внатрешни работи од скоро го има напуштено уште еден припадник и нивни член, полициски службеник од СВР Куманово .

Како што соопштија денеска од СПМ, се работи за млад и чесен припадник на полицијата, кој од моментот на неговото вработување, учествувал во извршување на најсложени полициски задачи, а истовремено бил ангажиран и како припадник на Посебната Единица на Полиција при СВР Куманово, при што во сите негови ангажмани покажал висок степен на професионалност и посветеност во работењето

– Истиот колега без никаков повод и причина и без никакво образложение прво од неговото работно место како полицаец во ПС од ОН Куманово, со незаконско решение бил распореден надвор од неговото регистрирано место на живеење како полицаец во полициско одделение Матејче кое што се наоѓа во истоименото село во Општина Липково, стои во соопштението од СПМ .

Појаснуват дека на релација СВР Куманово – ПО Матејче , нема организирано службен превоз, нема воспоставено ниту јавен превоз, па затоа нивниот колега со негово приватно возило патувал од и до неговото работно место поминувајќи во просек од околу 40 километри во еден работен ден.

Од СПМ посочуваат дека поднесено било барање за надомест за патни трошоци, кое без никакво образложение, подвлекуваат, му е одбиено.

– Соочен со голем притисок, малтретирање и мобинг на неговото работно место , допринеле да кај колегата се јави висок степен на разочараност и демотивираност, по што истиот донел одлука за напуштање на Министерството за внатрешни работи, се наведува во соопштението од Синдикатот на Полиција на Македонија .

Се додава дека Синдикатот на Полиција на Македонија, најостро ги осудува сите погоре наведени форми на вознемирување, притисок и директен реваншизам, што според нивни сознанија, како шти посочуваат во соопштението, се вообичаено и секојдневно дејствување на началникот на СВР Куманово. Го повикуваат министерот за внатрешни работи и Одделот за внатрешна контрола детално да го истражат целиот случај.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Приведени полицајци во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он

Обновување на форензички софтвер, нема набавка на „софтвер за шпионажа“, реагира МВР

Катерина Ѓуровски

СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, МВР набавува сомнителен софтвер за прислушкување

Малолетници избоделе жител на Студеничани, со тешки повреди сместен во болница

Катерина Ѓуровски

СДСМ достави документи до ДКСК: Бара постапка за тендерот во МВР