СПМ го одржа 7. конгрес, Ѕинго реизбран за претседател

Од:

Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) денеска го одржа седмиот конгрес на кој Љубисав Иванов Ѕинго е реизбран за претседател. СПМ воедно одбележа и јубилеј, 120 години постоење.

– Во еден од најклучните моменти за остварување на македонските стратешки интереси, во период кога државата е пред Европската унија, неодговорните политичари кои се плашат дека нема да се вратат на власт, спроведуваат сцеанрио на улична демократија. Социјалистите се тие кои треба да им кажат стоп, рече Иванов во обраќањето пред делегатите и гостите на конгресот.

Според него, на Македонија и треба изгрдаба, а не рушење.

– Во 2006 година одлучивме да влеземе во владејачката коалција со цел да се спречи дотогашното уништување што го вршеше актуелната опозиција. По шест години, Македонија е повторно изградена, стана атрактивна дестинација за светските бизнис компании и се најде на прагот пред ЕУ и НАТО, истакна Иванов.

Тој најави дека во претстојниот период земјоделството, како клучна гранка за развојот на Македонија, ќе биде приоритет во активностите на СПМ.

На Конгресот присуствуваа премиерот Никола Груевски и други членови на Владата, пратеници и претставници на локалната самоуправа.

Би можело да ве интересира

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

A1on

Финансирањето на телевизиите со државни пари ги сплоти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Законот за поткуп на медиуми“ќе се носи по скратена постапка

A1on

(ВИДЕО) Николоски: Бараме формулација за македонски јазик без изјави и дообјаснувања

A1on

Молк од Горан Милевски за модифицираниот француски предлог

A1on

ВИДЕО: Колку пари трошат политичките партии на рекламирање на билборди

Ана Ололовска