СПК „Козјак“ одбележува 35 години од постоењето

Од:

Спортско планинарскиот клуб „Козјак“ од Куманово денеска одбележува 35 години од своето постоење. Вечерва во Куманово ќе се одржи свечена академија на која ќе се доделат благодарници за членовите наклубот. Во недела, соопшти секретарот на СПК „Козјак“,Мартин Величковски, по повод јубилејот ќе се организра планинарска тура по Бислимска клисура, која се наоѓа на пет километри од Куманово.

– Оваа тура се организира за прв пат, а членовите на спортско планинарскиот клуб вршат маркирање на патеката и поставуваат патокази, изјави Величковски.

Функционирањето на спортско планинарскиот клуб, возобновено е 1982 година, отакако првично бил формиран во далечната 1967 година, а веќе наредната година бил згаснат. Клубот е еден од најактивните во државава со постојани редовни активности, утврдени со годишната програма.

– Клубот учествува на сите традиционални искачувања на планинските врвови во државата и надвор од неа. Досега нашите планинари ги освоија највисоките врвови на Балканот, а во изминатите години, учествуваа и на искачувања во Европа, изјави Величковски.

Покрај овие активности, во клубот се одржува летна планинарска школа, искачување на врвовите на планините низ Македонија, а на високо ниво е и соработката со македонски и балкански планинарски друштва.

Во СПК „Козјак” членуваат 68 активни и 24 пасивни планинари. Во рамки на клубот функционира и школата за млади планинари. СПК „Козјак” располага со два планинарски дома во село Длабочица.

Би можело да ве интересира

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка