А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Специјалната болница „Св. Еразмо“ прва на Балканот со поставување на лумбален кејџ

by А1он30/04/2014 - 13:3502/05/2014 - 09:45920
Share0

Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ од Охрид е првата болница на Балканот која започна со поставување лумбален кејџ. Имено, во рамки на својот развој, во „Св. Еразмо“ беа изведени првите операции на Балканот за поставување на апликација во лумбалниот дел  односно лумбален кејџ.

Следете a1on на Instagram Instagram

Тоа е најнова метода што во Македонија, на Балканот и во Југоисточна Европа се спроведува прв пат во нашата болница. Се аплицираше на две пациентки, едната од Струга, а другата од Битола. И двете се добри и постоперативно во стабилна состојба – изјави директорот на болницата, д-р Митко Тилевски.

Стручниот тим на болницата скоро една година се подготвувал за овој потфат затоа што се прв пат се применувал во Македонија.

Станува збор за пациенти со тешки болести на лумбалниот дискус и постоење една сегментална нестабилност. Оваа метода во моментов ја применува само професорот Форнариј Маурции од миланската болница. Ние сме втора болница во Европа што аплицира вакви кејџови. Тоа се кејџови кои што стојат сами. Порано имаше кејџови кои што се аплицираа и додатно се продолжуваше операцијата сегментите да се фиксираат со штрафови и плочки односно со шипки, но оваа метода всушност го упростува тој режим на операција. Ја скратува операцијата, ја прави побезбедна и пациентите после тоа, многу порано се вертикализираат – додаде неврохиругот, д-р Митре Милошески.

Анестезиологот д-р Александар Василески нагласи дека овие операции се прават со општа анестезија, а пациентот треба да биде кардио – циркулаторно стабилен.

Овие операции се работат во општа анестезија со тоа што пациентот треба да биде свртен на стомак. Пациентот треба да биде кардио-циркулаторно стабилен и претходно подготвен. Се работи во хипотензивна анестезија, а со тоа се дава предност оперативното поле да биде чисто и потранспарентно за самиот оператор – нагласи д-р Василески.

За оваа година планирани се околу 30-тина операции за кои ќе се користи овој метод. Директорот Тилевски додаде дека соФондотзаздравственоосигурувањена РМ и соминистерствотозаздравство е планиранодасезголемиобемотнаоперациитедоколку е потребно.

Следете a1on на Youtube YouTube

 

Ф.Ј.

ohridzdravstvo

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 13:19

Клековски: Дополнителната работа на лекарите вработени во јавното здравство не треба да е хаотична, анархична и со можности за злоупотреби

Предраг Петровиќ02/11/2026 - 15:30

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Предраг Петровиќ20/10/2026 - 15:51

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он05/10/2026 - 14:2805/10/2026 - 14:18

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ01/10/2026 - 14:3301/10/2026 - 15:13

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

Предраг Петровиќ30/09/2026 - 14:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео