Спасовски: Во сите институции има лица кои доставуваат извештаи до ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Во секоја од институциите на системот има одредени лица кои даваат информации за случувањата во нив до опозициската ВМРО-ДПМНЕ, нагласи денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, напоменувајќи оти никогаш не кажал дека постојат параполициски структури во МВР.

-Имаме индиции во медиумите, објавени извештаи кои ги прават одредени структури на ниво на комисии од опозициската партија за следење на одредени настани и поднесување на такви изештаи, појасни министерот по настанот за доделување сертификати за завршена обука за идентификување на потеклото на пожарите, што се одржа во Центарот за обука во Идризово.

Одговарајќи на новинарско прашање дали некои од тие лица се приведени нагласи оти се анализираат сите докази со кои располагаат и додаде дека ќе се консултираат со другите надлежни институции за натамошното постапување.

Министерот Спасовски вчера од собраниската говорница одговарајќи на пратенички прашање истакна дека постои ваква тендиција во институциите. Тие луѓе вработени во МВР или други државни институции даваат информации за состојбите во институциите до група за проценка во партијата.

Спасовски посочи дека него стигнал списокот со сите луѓе, кои се задолжени од администрацијата, јавните претпријатија и од Министерствата да ги испраќаат таквите извештаи до партијата.

– Тоа не се полициски службеници кои ги даваат тие извештаи. Тоа се луѓе дел од некаква комисија за безбедност, а според извештаите биле потпишани од Оливер Андонов, Никола Николов, Александар С. Ѓорчески и Александар Ѓеорѓиевски и таквите извештаи ги доставуваат до партијата, претседателот Мицкоски и во електронска форма до групата за проценка која е составена од поранешни функционери од делот на безбведносните служби од опозицијата, рече вчера Спасовски.

Би можело да ве интересира

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он