Спасовски: Судиите се одговорни за бегството на Грујовски и Бошковски

Од:

Одговорноста за бегството на обвинетите во случаите „Тврдина“ и „Таргет“, Горан Грујовски и Никола Бошковски, е на судството, за што потребно е тоа да понесе и одговорност, смета министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Тоа не е неуспех на македонската полиција, тоа покажува колку е труло македонското судство. Одговорноста мора да ја бараме и ние и јавноста кај судиите. За ова треба да се сноси сериозна одговорност бидејќи беше оставено време овие луѓе да заминат, дали некаде се кријат во државата или надвор од државата. Меѓутоа ова треба да биде силна порака, но и многу голема поука за реформите коишто престојат во правосудниот систем во Република Македонија, рече Оливер Спасовски, кој денеска присуствуваше на состанокот организиран од СЕП во врска со мерките од Планот 3-6-9 кои се однесуваат на локалните избори.

Според него, потребно е конечно да се покрене одговорност за, како што вели, оние коишто овозможуваат криминалците да се шетаат на слобода и да одредуваат мерки што не можат да се ефектуираат во одреден временски период со што се остава простор за некакво поинакво делување.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ