Спасовски: Протоколите не се под директна контрола на МВР, тоа е работа на секој од кабинетите во Владата

Од:

Има протоколи и начин на кој се комуницира во однос на секој носител на државна и јавна функција во Република Северна Македонија. Треба да се следат тие протоколи. Ова го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по посетата на Центарот за обука во Идризово каде што во тек е селекцијата за нови полициски службеници, одговарајќи на новинарско прашање за надлежностите на МВР во случајот со руските пранкери и телефонските разговори на премиерот Зоран Заев.

Посочувајќи дека такви ситуации се случиле не само во Македонија туку и во други држави, Спасовски потенцира дека тоа не е нешто што е по директна контрола на МВР, туку е работа на секој од кабинетите во Владата, начинот на комуникациите и тн.

– Во тој однос потребна е малку поголема будност во следењето на препораките и протоколите со што можат да се средат сите овие работи, изјави министерот Спасовски.

На новинарско прашање дали се следеле безбедносните протоколи бидејќи за тоа се разговрало и на владина седница, Спасовски информира дека нема таква информација и оти не бил присутен на последната седница на Владата и ги чека заклучоците.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари