Спасовски: Продолжуваме да ги унапредуваме односите и соработката меѓу С. Македонија и Руската Федерација

Од:

Преодната Влада на Северна Македонија ги има сите овластувања да обезбеди континуитет на политиките и процесите од интерес на земјата и граѓаните, меѓу кои свое место има и продлабочување на соработката со Руската Федарација, порача денеска премиерот Оливер Спасовски на средбата со амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин.

Како што соопшти владината прес-служба, претседателот на Владата, Спасовски на гостинот му посочил дека сите отпочнати процеси на дипломатиите на двете земји, особено проектите од взаемен интерес иницирани од Меѓувладината комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација ќе продолжат да се реализираат согласно договорените планови и динамика.

– На средбата премиерот Спасовски на амбасадорот Баздникин му предаде писмо со честитки до новоизбраниот претседател на Владата на Руската Федерација Михаил Машустин, со желби за успех во извршувањето на должноста и позитивни резултати кои ќе продонесат за натамошен сестран напредок на Руската Федерација и за благосостојба на пријателскиот руски народ, се наведува во владиното соопштение.

Премиерот го запознал амбасадорот со приоритетите на Владата, при што ги нагласил организацијата и спроведувањето на предвремените избори, како и евро-атлантските и европските интеграции.

Би можело да ве интересира

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Незрел маневер, реагира Владата на ултиматумот од Филипче

Филипче: Власта да се откаже од укинување техничка Влада или СДСМ ќе се повлече од работата за Изборниот закон

Катерина Ѓуровски

Законските измени за укинување на техничката влада пред собраниската Комисија за политички систем

(ВИДЕО) Филипче: Власта шверцерски сака да ја укине техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски