Спасовски: Претходното раководство на МВР смислувало заговор за атентат на Груевски

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на седницата за пратенички прашања изнесе сознание дека претходното раководство во МВР смислувало обвинување дека наводно некој сакал да организира атентат врз експремиерот Никола Груевски во 2016-та година, поврзувајќи го случајот со упадот на специјалните единици во домот на кумановскиот началник Стојанче Величковиќ, кој тогаш беше назначен за технички министер за внатрешни работи.

„Претходната власт кон крајот на владеењето, пред да паднат од функциите, смислувала обвинување за тоа дека наводно некој сакал да организира атентат над тогашниот премиер Никола Груевски. Во Куманово требало да се изврши наводно атентат над Никола Груевски, а во селото Четирце требало да се најде некое си оружје. Упадот во куќата на начаникот и неговото семејство беа неоправдано потресени и никој не кажа зошто тоа е направено. Немам друго објаснување освен дека ова било уште една креација на болните умови“, рече Спасовски денеска од собраниската говорница.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции