• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Спасовски: Поддршка за „метлата“, продолжуваат кадровските промени и во МВР

by А1он13/05/2019 - 11:48238
Share0

Во МВР има кадровски промени од првиот момент и ќе има и понатаму на кадри кои не дале резултати во однос на своето работење и кои не ги исполниле очекувањата во однос на остварување на одредени принципи за кои се залагаме. Тоа е процес што ќе трае постојано, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали „метлата“ што ја најави премиерот Зоран Заев ќе го зафати неговото министерство.

Добивај вести на вибер

-Секогаш ќе имаме ситуација во која ќе се оценува работата на кој било внатре во Министерството, без разлика дали се наоѓа на раководна позиција или е полициски службеник, рече Спасовски.

Нагласи дека тоа ќе биде одвоен процес од најавуваниот ветинг. Процесот за ветинг е посебен процес, тој мора да бие спроведен, рече Спасовски и додаде дека се подготвуваат правните рамки на овој процес и добро е тој да биде спроведен заради градење на еден праведен систем во државата.

Во врска со најавите од Заев за владина реконструкција, Спасовски рече дека го поддржува премиерот во целата постапка, затоа што смета дека треба да има и реконструкција, но треба да има и смена на одредени кадри, врз основа на критериуми кои ќе бидат утврдени.

-Јас воопшто со тоа не сум засегнат, ниту сега, како и првиот ден. Доколку има таква одлука да знаете дека мојата судбина не може да биде поважна од судбината на сите луѓе во државата. И така треба да се однесува секој од функционерите, рече Спасовски во врска со евентуалната можност и тој да биде зафатен од најавената реконструкција.

mvr

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

Предраг Петровиќ31/01/2026 - 17:01

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Горан Наумовски30/01/2026 - 13:41

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Катерина Ѓуровски29/01/2026 - 08:51

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Горан Наумовски27/01/2026 - 16:49

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Горан Наумовски26/01/2026 - 10:23

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски26/01/2026 - 09:4426/01/2026 - 10:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен