(ВИДЕО) Спасовски: Одлучни сме да избереме претседател на Собранието

Од:

Парламентарното мнозинство врз основа на Деловникот побара да се гласа спикер на Собранието.

– Ова го направивме со цел да може да се одблокира Собранието, да се избере претседател и парламентот кончено да биде целосно функционален, рече Оливер Спасовски од СДСМ.

Тој кажа дека Вељаноски уште еднаш покажува како се крши деловникот и се узурпира Собранието.

– Ова го правиме за граѓаните. Сметам дека треба да преовладува здравиот разум и да се однесуваат одговорно. Ќе продолжиме да бараме собраниски спикер врз основа на Деловникот, рече Спасовски.

Тој кажа дека е неблагодарно оние кои ја срушија Македонија и ја поделија по сите основи да го зборуваат спротивното.

– Нервоза покажуваат ВМРО-ДПМНЕ. Подобар сценарист од Трајко Вељаноски нема, тоа го докажа и Судот во Стразбур. Одлучни сме да избереме претседател на Собранието, рече Спасовски.

Според него бизарно е Илија Димовски пет дена да се бори да стане претседател на Комисијата за избори и именување, а сега девет дена да се бори да не стане тоа.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски