Спасовски од Куманово: Уште повеќе пари кај граѓаните, домашна платежна картичка од 9.000 денари и за стечајците

Од:

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски на средби со граѓаните од Куманово најави дека дополнително ќе се зголеми опфатот на граѓани кои добиваат домашна платежна картичка.

– Дванаесет илјади стечајни работници денес добиваат месечен надомест од 8.000 денари. Тие ќе добијат и картичка од 9.000 денари како помош во здравствено-економската криза. Ваква картичка ќе добијат и пензионерите со пензија до 15.000 денари, самохраните родители и невработените кои не се активни баратели на работа. СДСМ три години во континуитет покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани подеднакво, рече Спасовски.

ВМРО-ДПМНЕ, подвлече тој, во континуитет покажува грижа само за Груевски и неговите криминални соработници“ и уште еднаш ја потенцираше разликата Спасовски помеѓу Владата на СДСМ која градеше за својот народ и режимот на ДПМНЕ кој крадеше од својот народ.

Тој најави дека и во новиот мандат продолжува насочувањето на парите кон граѓаните.

-Ќе го зголемиме лимитот на поврат на ДДВ од 600 на 800 денари. На секој нововработен млад човек до 29 години во произбодството или земјоделството државата ќе му го врати персоналниот данок на сметка, со што мотивираме вработувања во реалниот сектор, додаде Спасовски.

Тој направи споредба со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и нивните кадри на листите.

-Мисајловски и 11-годишната режимска власт, еден денар немаат инвестирано во Куманово. Во маалото каде живее канализација немаше, денес ние му ја градиме. Обновен режим, грабање и крадење никогаш повеќе, порача Спасовски.

Затоа, на 15. јули, истакна, граѓаните ќе гласаат за концептот којшто обезбедува повеќе пари во нивните буџети, а не за обнова на режимот кој им ги крадеше парите. Изборите се важни, гласаме за фер општество кое се грижи за сите, да го заокружиме бројот 3, повика Спасовски, кој додаде дека тоа ќе биде глас за сигурна иднина со развојна економија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел