Спасовски: Никој нема право да ограничува ингеренции на министер што му следуваат по Устав и закон!

Од:

Согласно Законот за Влада со МВР раководи министерот за внатрешни работи, како што со другите министерства раководат министрите во нив. И ако ја преземате целосната одговорност во функционирањето на кое било од министерствата, па и за ова министерство, од исклучителна важност е да ги имате сите можности и ингеренции да управувате со нив, затоа што постојат разни предизвици коишто стојат пред ова министерство, безбедноста и сигурноста на граѓаните на Македонија е врвен приоритет, и само со целосно управувано министерство може да се преземе и целосната одговорност. Впрочем тоа е и според Уставот и според законите. Никој нема право да ограничува ингеренции на кој било носител на државна функција, што му следуваат според Уставот и законот, а од друга страна да бара одговорност за постапките или одговорност за управувањето со ова министерство, затоа е важно, одговори Оливер Спасовски на новинарско прашање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он