Спасовски: Нема дојави за бомби откако се воведоа протоколи во училиштата

Од:

Министерството за внатрешни работи не добило дојави за бомби во училиштата откако има протоколи за справување со хибридни закани, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Донесовме упатства и протоколи, како единствена држава во регионот. Знаете дека ние работевме со протоколи, коишто беа од деведесеттите години или од поранешна Југославија. Денеска времето е поинакво, денеска технолошкиот напредок е поинаков и вие не можете да преземете
мерки во 2023 година со методи од 1990 година.

Затоа и тие протоколи ги сменивме, вели Спасовски и додаде дека Македонија е единствената земја во регионот која презела низа мерки и упатства за справување со хибридни закани.

Би можело да ве интересира

Бран закани со бомби ги потресе европските аеродроми: Најмалку 27 авиони се цел

(ВИДЕО) Серија закани за поставени бомби во авиони

Горан Наумовски

Закани за ликвидација на сите крстени луѓе во Република Српска и повик за џихад

Закани за поставени бомби во неколку судови во Белград, Нови Сад и Ниш

Стотици училишта во Велика Британија добија заканувачки пораки потпишани со „Алах акбар“

А1он

Си-Ен-Ен: САД размислуваат да ја употребат „мајката на сите бомби“ против Иран

Горан Наумовски