Спасовски на средби со дуќанџии во Автокоманда: Покажавме како правично се помага

Од:

Носителот на кандидатската листа за пратеници во изборната единица 2, Оливер Спасовски, денеска имаше средби со дуќанџии во населбата Автокоманда, во скопската општина Гази Баба.

На средбите се разговараше за преземените мерки за заштита на микро бизнисите во здравствено-економската криза, како и за новите мерки за развој на економијата во Програмата на СДСМ.

– Во Програмата на СДСМ се обврзуваме за брза трансформација на македонската економија. Додека трае кризата ќе ја задржиме минималната плата на 14.500 денари, а по завршувањето на кризата ќе обезбедиме раст на минималната плата до 40 проценти и раст на просечната плата до 30 проценти, до крајот на мандатот. Покажавме дека кога има политичка волја, парите се насочуваат кон потребите на граѓаните, кон најзасегнатите, тоа е правично и праведно и така ќе продолжиме да работиме, уште повеќе и подобро, рече Спасовски.

Тој зборуваше и за реализацијата на домашната платежна картичка како мерка којашто им помага на засегнатите категории граѓани, но и ја поттикнува потрошувачката на домашни производи: храна, текстил, домашни услуги. Наменети се 28 милиони евра и граѓаните, како што кажа тој, деновиве ги добиваат платежните картички за купување домашни производи или користење услуги.

-Во програмата се обврзуваме на правичност и силно ќе ги поддржиме домашните микро, малите и средни претпријатија. Важни се изборите на 15 јули за вашата сигурност и за сигурноста на државата, затоа излезете на гласање, да продолжиме по правиот пат“, рече носителот на листа, Спасовски во разговорите со граѓани и дуќанџии во Автокоманда.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски