Спасовски на Конвенција за полициска соработка на ЈИЕ во Крањ

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски учествува на 17. Комитет за министри на Конвенцијата за полициска соработка на Југоисточна Европа, што денеска и утре се одржува во Крањ, Словенија.

– Конвенцијата за полициска соработка на Југоисточна Европа остварува вистинска опиплива стратешка и оперативна соработка која дава резултати во сите земји кои се дел од оваа платформа и недвосмислено би сакал да изразам сигурна натамошна поддршка на процесите, работните групи и настани организирани во рамки на Конвенцијата кои бараат континуирано посветено и активно учество на претставници од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, рече Спасовски во обраќањето на Комитетот.

Како што соопшти МВР, тој истакнал и дека Конвенцијата за полициска соработка на земјите од Југоистична Европа одиграла значајна улога во подигање на свеста за потребата и можностите што ги нуди автоматската размена на податоци, а министрите за внатрешни работи на договорните страни на Конвенцијата ја поддржале препораката на Експертската работна група за проширување на веќе изготвениот предлог документ за автоматска размена на ДНК податоци, со што се вклучени и дактилоскопските податоци и податоци за регистрација на возила.

На оваа средба предвидено е и донесување одлука за нов раководител на Секретаријатот на PCC SEE, Томас Херко, предложен од страна на австриското Министерство за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари