Спасовски: На Илинден е поставен најцврстиот темелник во основата на македонската државност

Од:

Во духот на нашите илинденци подадовме рака за соработка со сите наши соседи и ја стекнавме нивната доверба. Преку овој отворен пристап се реализираа Договорот од Преспа со Грција и договорот за добрососедство со Бугарија. Благодарение на овие договори Северна Македонија од лош пример се претвори во успешна приказна. Таа стана светла точка на Балканот, рече денеска во своето обраќање на скопската тврдина Кале премиерот Оливер Спасовски на свеченоста по повод Денот на Републиката 2 Август – Илинден.

– Принципите на Илинден не се свртени кон минатото, туку кон иднината. Илинден е длабоко врежан во нашата меморија, но како живо наследство. За нас овие принципи се најјасен патоказ за нашиот пат кон ЕУ, порача Спасовски.

Како дел од моќното НАТО семејство, нагласи тој, како неизоставен дел од безбедносниот штит на најмоќниот воен сојуз во светот, Северна Македонија стана фактор на стабилност во регионот, извозник на безбедност и земја во која граѓаните и децата имаат сигурна иднина.

– Со членството во НАТО не сме повеќе сами. Ние сме сојуз. Нашата Северна Македонија никогаш повеќе нема да биде ставена под прашалник ниту изолирана од светот. Со НАТО ние сме дел од светот, истакна премиерот Спасовски.

Тој посочи дека за реализација на овие стратешки цели на нашата држава биле потребни храбри одлуки и одважност.

– Не дозволивме заради тесногради политички ставови и лични интереси да го доведеме во прашање вековниот сон и да ги нарушиме темелите на нашата држава. Македонската државност и слобода не се подарок, туку се остварени со многу жртви. Тие жртви денес не мотивираат при градењето на подобро и пораведно општество за сите. Го направивме пресвртот што и беше потребен на земјата. Се справивме со најмоќните предизвици од пустошот кој го наследивме. Се справуваме и со заканите и од пандемијата, нагласи Спасовски.

Истакна дека на денешен ден, 2 Август – Илинден е поставен најцврстиот темелник во основата на македонската државност. Нашата борба за слобода и правда преку Илинден во 1903, а потоа и на вториот Илинден во 1944 година, вели тој, беа столбовите на Републиката и на државноста.

– Борбата на сите наши Илинденци никогаш не била мотивирана ниту за територии, ниту за доминација на една држава врз друга. Ниту пак на еден народ врз друг. Почнувајќи од Крушевскиот манифест, а потоа и со декларацијата и ршенијата на АСНОМ во борбата за слободна и праведна македонска држава се повикани сите чесни, добронамерни граѓани без разлика на пол, вера, убедување и народност водени единствено од желбата за подобар живот, подвлече Спасовски.

Истакна дека во остварувањето на оваа цел Македонците, Албанците, Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците и сите други остваруваа и ги делеа заедничките победи кои ни ја овозможија денешната Република Северна Македонија, држава-членка на НАТО, земја на пат за ченство во ЕУ – земја која меѓународната заедница ја прогласи за најуспешна приказна на Западен Балкан во последните три години.

-Ова се резултати на победи на сите нас. Затоа оваа година го прославуваме Денот на Републиката под слоганот „Победа за сите“, и започнавме да го чествуваме со почести пред споменикот на Слободата „Сила слава и победа“. Победа за сите нас, затоа што Илинден и АСНОМ се симболи на заедништво, а не на поделби. Денес славиме празник за подобро утре на оваа и на сите наши идни генерации како завет дека ќе продолжиме заедно нашата вековна иднина, посочи Спасовски.

Како што рече премиерот, денеска кога со сета почит и достојност се сеќаваме на државоторните настани на давата Илиндена во 1903 и во 1944, од перспективата на оваа 2020 година неминовно е да се сочиме со фактот дека треба да ја прифатиме државотворната агенда на концептот кој силно повикува да ја градиме Македонија како граѓанска држава која ке биде слободна татковина на сите граѓани и на сите етнички заедници, едно општество за сите.

-Нив исто како и нашите претци должни сме да им се спротивставиме на фашизмот, гласно и храбро, борбата со фашизмот и против делбите на нашите граѓани против сеењето омраза, помеѓу браќа, соседи и другари е наша света обврска. Нашите партизани застанаа храбро и пркосно наспроти фашизмот и благодарение на таа храброст и на тој пркос денеска ние имаме држава. И ништо помалку од тоа не смееме да им оставиме и на нашите идни генерации, подвлече Спасовски.

Денес, рече тој, славиме празник и во чест на сите генерации наши сограѓани и сограѓанки кои во нашата слободна држава го вградуваа својот сопствен придонес за да стоиме гордо пред државното знаме и гордо да го зборуваме својот мајчин македонски јазик.

– Гордо да го славиме македонскиот јазик којшто беше заведен како службен јазик во македонската држава токму на Илинден 1944 година и кој денес е впишан во личната карта на нашата држава во Обединетите нации каде што покрај името Република Северна Македонија за јазик стои македонски јазик, потенцира Спасовски.

Ги честиташе двата настани Денот на Републиката – Илинден и АСНОМ, во кои, како што рече, е собран континуитетот на создавањето на македонската државност.

– Нека ни е честит и вечен 2 Август – Денот на Републиката. Нека ни се честити и вековити Илинден и АСНОМ. Денеска во главниот град на нашата држава во Пелинце и во славно крушево одбележуваме и славиме два настана во кој е собран континуитетот на создавањето на македонската државност, рече Спасовски на свеченоста по повод Илинден на скопско Кале.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Во следните четири години излез на домашните компании на европскиот пазар од 500 милиони луѓе

Горан Наумовски

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Спасовски од Куманово: Надминати кризите, енергетските компании во раце на граѓаните

Спасовски: Време е за подобро и повеќе – во следниве четири години минимална плата од 600 евра, просечна од рекордни 1.100 евра

Спасовски со младите од Куманово: Пендаровски е единствен кандидат кој го застапува европскиот концепт

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари

Предраг Петровиќ