Спасовски: Многу е важно да добиеме одлука за преговори со ЕУ пред изборите

Од:

Република Северна Македонија има капацитет да организира демократски, фер и слободни избори на кoи граѓаните ќе можат да одлучат по кој пат треба да оди земјата, вели премиерот Оливер Спасовски во интервју за ЕУОбсервер, предупредувајќи оти, сепак, очекува изборната кампања да биде една од „најавлакните“ досега.

– Сигурен сум дека оваа изборна кампања ќе биде една од највалканите во историјата на земјата. Сигурен сум дека лажните вести и медиумската пропаганда ќе бидат секојдневие за време на изборите, истакнува Спасовски.

Сепак, нагласува, земјата има сили да се справи со тие закани и да организира слободни, фер и лигитимни избори.

Прашан дали очекува руско мешање во кампањата и исходот од изборите, Спасовски вели дека сите земји во Европа и во регионот се соочија со хибридни закани во процесот на нивното пристапување во НАТО и ЕУ.

– Но, државните институции се доволно силни и подготвени да обезбедат изборите да се одржат во нормални околности, истакнува Спасовски.

Тој ја повика ЕУ да донесе одлука за старт на преговорите за пристапување на земјата пред априлските избори.

– Направивме се што беше побарано од нас и многу е важно да добиеме соодветна порака од ЕУ, особено во март. Тајмингот е од огромна важност за нас со цел да се запре неизвесноста околу европската перспектива на Северна Македонија што може да се појави во земјата, но и во регионот, оценува Спасовски.

Замрзнувањето на проширувањето на ЕУ и недонесувањето одлука за старт на преговорите во октомври лани придонесе за враќање на националистичката реторика во Северна Македонија. Октомвриската одлука, според него, беше стратешка грешка и придонесе за големо разочарување меѓу обичните луѓе.

Претстојните избори, вели, ќе бидат соочување меѓу проевропските и националистичките сили во земјата.

-Имаме два спротивставени концепта – првиот нуди интеграција во ЕУ и НАТО просперитет, слобода, транспарентност, демократија,… наспроти концептот кој е против сето ова што го набројав, а е поддржан од сегашната опозиција, вели Спасовски.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, според него, не направила ништо за промена од времето на „груевизмот“ и тој концепт се уште е длабоко вкоренет во партиските активности.

– Недонесувањето правилни одлуки во вистинско време само го стимулира „груевизмот“ и таквиот концепт на размислување меѓу луѓето бидејќи тие ја губат вербата во европската перспектива, предупредува Спасовски во интервјуто за ЕУОбсервер, во врска со очекувањата ЕУ наскоро да донесе одлука за старт на преговорите со Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Извозниците на брашно од пченица и наполица ќе мора да остават 30% од производството за домашниот пазар

А1он

Владата со одлуки за олеснувања на лизингот и потрошувачките кредити за време на вонредната состојба

А1он

Владата ќе врши интервентна набавка на 200 респираторни машини

А1он

ЕУ се придружува кон повикот на ОН за глобален прекин на огнот за време на пандемијата

А1он

ЕУ привремено ги укинува даноците на увоз на медицинска опрема

А1он

ЕУ помош од четири милиони евра за итни медицински потреби

Ана Ололовска