Спасовски, Лукаревска, Хоџа, Колашинац од ИЕ2: Опцијата е сигурност, влеговме во НАТО, можеме во ЕУ, масовно на изборите, за развојна економија и рушење на остатокот од режимот

Од:

Носителите на листа во ИЕ2, Оливер Спасовски и Сања Лукаревска, Генералниот секретар и шеф на Изборниот штаб на движењето БЕСА, Аријанит Хоџа и претседателот на Бошњачки демократски сојуз, Мунир Колашинац порачаа синоќа од скопската општина Бутел дека претстојните избори се многу важни и граѓаните да излезат и да гласаат, затоа што коалицијата Можеме е коалиција што носи сигурност и рушење на остатокот од режимот.

„На оваа листа ги имаме сите, Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, други. На овие избори нема два концепта и опции. Ова е опција на сигурност. Станавме 30-та членка на Алијансата. Можеме и во ЕУ. Другото е криминалната структура што носи опасност и сакаат да влезат во Собранието за да бидат заштитени од понатамошните постапки“ рече Спасовски.

Тој зборуваше за вложувањата во здравството, нов Ургентен центар во Куманово, нова болница во Струмица, Скопје добива нов Клинички центар, дека го штитиме јавното здравје и ги јакнеме капацитетите на јавното здравство за справување со актуелната здравствена ситуација во светски рамки. Рече дека сочувавме 140.000 работни места, колку што доделивме минимални плати, покажуваме колку ни значи македонската економија и дека новата Програма на СДСМ е програма за нова развојна економија. Направи споредба дека на другата страна се Мицкоски и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ кои блокираат проекти.

„Ќе ги земеме 30-те милиони евра што ги блокираа и ќе ги вложиме во здравството, ништо веќе не значи од корумпирани политичари. Масовно да излеземе на изборите и да продолжиме со развојот уште повеќе и уште подобро“, повика Спасовски.

„Денес живееме во слобода. Градиме општество еднакво за сите, кое нуди еднакви можности и достоинствен живот за секој. Ја зголемивме минималната плата и просечната плата. Креираме мерки со кои ги враќаме парите назад кај граѓаните. Ние нудиме иднина. Единствено што нуди ВМРО-ДПМНЕ е обнова на режимот. Разликата е очигледна. Изборот е јасен“ порача носителката на листа во ИЕ 2, Сања Лукаревска.

„Изборите се многу важни, процесот на ЕУ интеграции мора да продолжи за доброто на сите нас“, порача претседателот на Бошњачки демократски сојуз, Мунир Колашинац.

Генералниот секретар и шеф на Изборен штаб на движењето БЕСА, Аријанит Хоџа, рече дека Република Северна Македонија може да ја водиме кон ЕУ само како една држава за сите.

„Успеавме, од различни страни, почнувајќи од 2016 година, да ја вратиме државата на прав пат, станавме членка на НАТО, добивме одлука за почеток на преговори со ЕУ. Следува нов успех, за рушење на остатокот на режимот“, рече Хоџа, додавајќи дека на државата не и требаат партии со хипотеки туку енергична екипа што ќе ја добијат на овие избори.

Би можело да ве интересира

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија