Спасовски: Нема ниту киднапери, ниту трговија со органи

Од:

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ги отфрла шпекулациите за постоење киднапери и продажба на човечки органи. Според него, киднапирање до сега немало.

„Во земјава нема ниту еден случај на убиство за вадење на органи. Не се точни наводите дека расте бројот на исчезнати лица. 370 лица биле исчезнати во 2018 година. Порано се криеа убиства, ние сме крајно транспарентни”, вели Спасовски.

„Во последниве 5 години пронаоѓањето на исчезнати лица се реализира со 94 проценти. Ние работиме да биде на 100 проценти. Ги уверувам родителите на исчезнатите дека истрагите се третираат со посветеност. Истрагите се темелни затоа некогаш треба повеќе време за резултати. За оние кои шират лажни приказни за продажба на човечки органи сакам да им порачам – не помагате. Некои од случаите се самоубиства. Кога имаме исчезнато лице, важно е полицијата да добие повеќе информации за пократко време”, вели Спасовски.

Министерот сподели препораки за побрзо пронаоѓање на исчезнати: Прво пријавете во МВР, потоа со останатите, местата каде може тоа лице да отиде, неговото однесување, не кријте информации од полицијата, споделете фотографија со МВР, водете грижа за лицата кои имаат здравствени проблеми.

„Очиледно е дека стои структура на луѓе кои шират лажни информации од политички побуди”, рече Спасовски запрашан кој ги пласира лажните вести.

„Поранешен вработен во МВР имаше статус на „Фејсбук“ со тотална измислица и лага. Имаме новинари и медиуми на кои сензацијата им е поважна”, потенцираше Спасовски.

Протоколот за барање на исчезнато лице е според протокол. Брзата и навремената информација е најважна, додаде министерот.

Превземени се сите неопходни мерки и се превземаат мерки за пронаоѓање на Алибен и Пенито Секондо, рече Спасовски, но одби да каже какви мерки се преземаат.

„Семејтвата се известуваат за се”, вели Спасовски. Тврдењата на семејствата, пак, се дека не добиваат информации.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Од 549 нови полицајци, помалку од 40 Албанци, од 30 наградени, само еден Албанец, реагира ДУИ

Левица: Вработените оставени без здравствено осигурување – полицајците ги чекаат МВР и ФЗОМ да се договорат кој е виновен

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

МВР: 222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 лишени поради безобѕирно возење

Франција ги менува правилата: Полицијата е невина додека не се докаже спротивното