Спасовски: Ќе обезбедиме помош за семејството кое во пожар ги изгуби двете малолетни деца

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски заедно со претставници на институциите, го посети местото каде што се случи пожар во семејните куќи во Шуто Оризари, во кој загинаа две малолетни деца.

„Изразувам длабоко сочувство до семејството, градоначалникот и граѓаните на Шуто Оризари за големата трагедија што се случи. Заедно со претставници на МВР  и Министерството за труд и социјална политика излеговме веднаш на терен. Ќе обезбедиме сé што е потребно како првична помош, итно сместување и финансиска помош“, рече премиерот Спасовски за време на посетата на местото на несреќата.

Премиерот Спасовски најави дека со градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш ќе разговараат за определување финансиски средства заедно со локалната самоуправа за да се помогне подобрување на инфраструктурата во општината.

„Ваквите настани треба да ни бидат поука за во иднина, да направиме сé што е потребно за да не ни се случуваат вакви трагични настани“, додаде премиерот Спасовски, кој изрази сочувство за загинатите деца во пожарот во Шуто Оризари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Нервоза и навреди на Мицкоски и Стоилковиќ кон пратениците на СДСМ, бараме извинување и реакција од Гаши

Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите

(ВИДЕО) Најмалку 27 жртви во пожар во ноќен клуб во Банкгок

А1он

Пукање од автомобил во скопски Центар

Се запали автомобил во движење, возачот се здоби со изгореници

Катерина Ѓуровски

Четириесетгодишен скопјанец пронајден починат во стан во Аеродром

Катерина Ѓуровски