Спасовски: Граѓаните да пријават доколку некој им се заканува да не излегуваат на референдумот

Од:

Ова е историски миг за нашата држава. Апелирам ако кој било се заканува на кој било граѓанин да не излегува на референдум, граѓаните тоа да го пријават во најблиската полициска станица, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на посетата на скопската општина Бутел.

Министерот Спасовски, како што се наведува во соопштението, исто така посочи дека МВР ги презема сите неопходни мерки за претстојните посети на високи странски делегации, а самите посети се доказ за поддршката што Република Македонија ја има од меѓународната заедница.

Според министерот за внатрешни работи полициската станица што се наоѓа на територијата на општина Бутел има значителни позитивни резултати во изминатата година во намалувањето на криминалитетот и особено во делот на регулирањето на сообраќајот.

Спасовски им се заблагодари на граѓаните што придонеле за средување на сообраќајниот хаос кој постоел во општината и ги повика и понатаму да бидат партнери на македонската полиција.

– Со градоначалникот на општина Бутел разговаравме околу нашите заеднички надлежности. Благодарам што градоначалникот има разбирање за обезбедување на место за изградба на нова полициска станица, што ни е потребна за да ги подобриме условите за работа на полициските службеници и се надевам дека многу скоро ќе имаме можност да започнеме со реализација на еден ваков значаен проект, рече министерот.

На средбите во полициската станица и во локалната самоуправа се разговарало и за референдумот на 30 септември, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски