Спасовски: Горд сум што има повеќе жени во полицијата и во командните структури

Од:

Горд сум на зголемениот процент на жените во управувачката структура на Министерството кое го раководам, во редовите на полицијата, а особено во командните структури на полицијата. Вака министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати честитка по повод 8 Март Меѓународниот ден на жената, на неговиот ФБ профил.

– Напорно работевме на подготвувањето на Законот за спречување на семејното насилство заедно со невладиниот сектор и надлежното министерство за да ги елиминираме сите досега осознаени проблеми и кочници во постапувањето при превенирањето, откривањето и санкционирањето на појавите на насилството врз жените и девојчињата и семејното насилство, воопшто, напиша денеска Спасовски.

Објави дека тој и раководството на МВР продолжуваат со силното спротивставување и на новите појави и форми на родово насилство кои, како што стои, го рушат достоинството и го загрозуваат правото на приватност на жените и девојчињата.

– Ова особено се однесува на случајот Јавна соба, кој нѐ обедини сите во цврстата намера да се забрзаат постапките за криминализација на овие дела со измена на Кривичниот законик. Во насока на зголемување на ефективноста, последниве денови интензивно работиме на подготвување на модалитетите за формирање посебна Единица за борба против родовото насилство (Таск форс). Оваа нова форма на делување ќе биде составена од претставници на повеќе државни органи, обвинителството, судот и полициски структури, претставници на граѓанскиот сектор, со цел брзо реагирање, санкционирање и превенирање на овие појави, но и креирање стратегија за заеднички активности, почнувајќи од обуки на полицијата и другите државни органи, во насока на ефикасен институционален одговор за борбата против сексуалното и родовото насилство, напиша министерот Спасовски.

Би можело да ве интересира

МВР уапси три лица барани со потерници за издржување затворски казни

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

(ВИДЕО) Каменуван е автобус со српски туристи во Грција, двајца патници и возачот се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!

Во два одвоени случаеви претреси кај лица од Кочани е пронајдена дрога

Горан Наумовски