Спасовски: Да се донесе закон за ЈО што ќе овозможи правда за сите

Од:

Јас и Владата сме апсолутно против какво било законско решение кое ќе оневозможува водење кривични постапки против кого било, туку напротив да имаме законско решение што ќе овозможи правда за сите, секој подеднакво да одговара пред законските решенија и со тоа да покажеме дека имаме навистина европски вредности, одговори премиерот Оливер Спасовски на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата во однос на јавната расправа за Предлог-законот за Јавното обвинителство.

Тој нагласи дека е важно да се донесе зкаонско решение што ќе значи пред се овозможување правда за секој еден граѓанинин во државата и законско решение, како што рече, кое нема да дозволи штитење на кој било поединец без разлика дали е тој сега дел од оваа Влада или бил дел од претходната Влада или бил на која било позиција во државата или е обичен граѓанин.

– Секој еден што направил противзаконско дејство ќе мора да одговара, беше дециден Спасовски.

Јавната дебата што се води во Собранието, оцени премиерот Спасовски, покажа дека навистина има што да се слушне од страна на експертите, кои објективно и во рамки на својата експертиза можат да кажат сопствено мислење во однос на законското решение.

– Мора секој политички субјект, политичка партија, независни пратеници, да бидат на висината на својата одговорност и задача што ја имаат во Собранието на Република Северна Македонија. Очекувам дека оваа дебата што сега се води многу им ќе помогне во одлуката на пратениците за тоа како треба да се изјаснат во однос на Предлог-законот за Јавното обвинителство и мислам дека најмалку што можеме да направиме да и овозможиме на државата да добие закон за ЈО, да се донесе Закон за одбрана, да се донесе Изборниот законик врз основа на забелешките на ОБСЕ и на ОДИХР, да ја зајакнеме позицијата на една силна демократска држава и на тој начин да дадеме позитивни аргументи одлуката за почеток на преговорите да се донесе без дилеми, порача од денешната прес-конференција премиерот Оливер Спасовски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?