ВИДЕО: Спасовски без одлука на Владата поништил 124 решенија во МВР, Чулев го обвини за фалсификат

Од:

Премиерот Оливер Спасовски со фалсификат во „Службен весник“ поништил 124 решенија за распоредување во МВР оти за нив немало одлука на Владата, рече денес техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев. Тој на прес-конференција пред Јавното обвинителство побара што побргу Обвинителство да направи истрага, да ги обезбеди доказите за фалсификатот, со што ќе спречи бришење, уништување или прикривање на доказите.

„На седницата на Владата, што се одржа во саботата на 15 февруари, последна за гласање беше ставена точката за поништување пет решенија донесени од моја стана за распоредување вработени во Министерството за внатрешни работи. Со мнозинство гласови Владата десет минути пред полноќ, значи во 23.50 часот, го усвои предлогот да се поништат пет решенија, повторувам, само пет решенија, за што постои записник, односно стенограм. Нејасно е како оваа одлука експресно, во координација со службата во Владата и со одобрување од Оливер Спасовски е објавена во ‘Службен весник’ број 41, токму на истиот ден, 15 .2.2020 година, каде што, покрај петте решенија, чие поништување беше изгласано, се најдоа дополнителни 124 решенија за распоредување и една наредба за извршување работа и работни задачи. Овие решенија воопшто не биле предмет на разгледување на членовите на Владата, ниту е донесена одлука за нивно поништување. Имајќи предвид дека ситуацијата налага итно преземање дејства со цел да се спречи бришење, уништување или прикривање докази, го повикувам Основното јавно обвинителство да преземе дејства за обезбедување на доказите и да спроведе истрага. Во спротивно ќе биде директно одговорно за неказнетото фалсификување на оваа одлука на Владата“, рече министерот Чулев.

Тој апелира вработените во Владата, кои по насоки на Оливер Спасовски веќе го прекршиле законот да се воздржат од дополнителни дејства со кои ќе се обидат да ги уништат или менуваат доказите и ќе влијаат на понатамошно откривање на кривичните дела.

„Истовремено, ја повикувам Владата да се воздржи од идни активности во насока на мешање во ингеренциите и независноста на Министерството за внатрешни работи и директно влијание врз избирачкото право на граѓаните и изборниот процес“, повика министерот Чулев.

За да ги смири тензиите и покрај тоа што смета дека Владата нема право да укинува индивидуални правни акти, Чулев ги повикал колегите со поништени решенија да се вратат на старите работни места.

„Поентата на оваа Влада е да предизвика хаос во Министерството за внатрешни работи и да предизвика одредени инциденти помеѓу самите вработени. Во текот на денешниот ден ние ќе издадеме нови акти, наредби, со кои луѓето што јас сум ги назначил, а кои се во согласност со она што во согласност со Законот за Владата ми е дадено како право да назначам 10 отсто, ќе бидат вратени на старите работни места. Со оглед на тоа што Владата со одлука ги поништи сите овие решенија на незаконски начин, за кој сега информирав, им кажав да си се вратат на старите работни места за да се избегнат инциденти во рамките на Министерството за внатрешни работи“, рече министерот Чулев.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спасовски, Шекеринска и Димитров упатија честитка по повод Денот на НАТО

Ана Ололовска

Чулев: Досега на 2405 лица им се издадени решенија за изолација, 9793 пополниле изјава за самоизолација

Ана Ололовска

Спасовски до кумановци: Останете присебни, нема простор за паника заради полицискиот час

А1он

Извозниците на брашно од пченица и наполица ќе мора да остават 30% од производството за домашниот пазар

А1он

Владата со одлуки за олеснувања на лизингот и потрошувачките кредити за време на вонредната состојба

А1он

Владата ќе врши интервентна набавка на 200 респираторни машини

А1он