Спасовски: Бараме оставка од градоначалникот на Крива Паланка кој нападна полицаец

Од:

Целата јавност имаше прилика да чуе и да дознае за скандалозното и насилно однесување на градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.Сашко Митовски, пијан физички нападнал полициски службеник пред неговиот ресторан. Ова го кажуваат очевидците и самиот човек кој е нападнат, полициски службеник кој не бил на должност рече на прес конференција Емил Спасовски, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка.

– Сашко Митовски се однесува како класичен локален шериф, кој напаѓа и тероризира граѓани, физички им нанесува повреди и сето тоа пијан. Ова е срам за градот, ова е срам за граѓаните, ова е срам за сите кои се сведоци на неговото дивеење. Ова не е прв случај градоначалникот да нападне граѓани. И претходно имаше нападнато човек во својата канцеларија и за тоа знаеше целата јавност. Со право граѓаните се чувствуваат небезбедно. Со право граѓаните се плашат да не бидат нападнати од градоначалник кој е склон на алкохол. Граѓаните се исплашени бидејќи Ковачевски не бара и нема намера да побара оставка од Сашко Митовски, велејќи дека граѓаните го избрале вели Сапсовски.

Тој прашува дали МВР се обидува да го прикриен настан.

Граѓаните не го избрале за да ги тепа и напаѓа. Дали МВР веќе поднесе кривична пријава за Сашко Митовски? Дали е точно дека Митовски бил во толку лоша алкохолизирана состојба што не бил при себе? Дали Сашко Митовски имал намера да изврши посериозно кривично дело врз полицискиот службеник кој не бил на должност во моментов прашува спасовски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање