Спасовски бара функционални институции, елеминирање на говорот на омраза и чисти избори

Од:

Функционални институции, непречна работа, елеминирање на говорот на омраза и професинална соработка меѓу засегнатите страни кои треба да ги организираат претстојните избори, очекува техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој посочи дека сите услуги непречено и навреме ќе бидат испорачани до граѓаните . Тој додаде дека примарно е да се обезбеди континуитет на владеење на правото. Спасовски е дециден дека треба да има чисти избори, за граѓаните да веруваат во нив.

„До максимален израз треба да дојде професионалната одговoрност и да се даде придонес за доброто на граѓаните. Сите постапки на членовите на извршната власт треба да потврдат дека државата е во сигурни раце. Сите услуги кон граѓаните ќе бидат испорачани во целост и навреме. Услугите и правата ќе продолжат непречено да се одвиваат, без разлика дали станува збор за исплата за социјални случаи или, пак, субвенции за земјоделците. Неопходно е да обезбедат континуитет на владеењето на правото“, посочи Спасовски.

Тој е дециден дека институциите мора да имаат нулта толеранција за говорот на омраза.

„Потребно ни е сеопфатна акција за препознавање и елиминирање на говорот на омраза. Сите општествтени институции, граѓани, треба да го дадеме придонесот и да застанеме против говорот на омраза. Нула толеранција за говорот на омраза“, смета Спасовски.

Во однос на последни случувања на напад кон медиуми, Спасовски побара Министерството за внатреши работи побрзо и ефективно да ги истражи и санкционира случаите.

„Украс на секоја европска демократија се слободните медиуми, кои известуваат независно и непристрасно, а се чувар на слободната мисла. Сите медиумски работници треба да имаат слобода. Институциите се должни секој напад врз новинарите да го истражат, докажат, санкционираат“, рече Спасовски.

Во однос на организирањето на изборите, Спасовски смета дека не смее да се нарушат стандардите кои биле наметнати со изборите во 2017 година и референдумот.

„Очекувам професионална соработка со Собранието, Владата и ДИК. Со изборите во 2017 година и референдумот поставивме стандарди што не смееме да ги нарушиме. Граѓаните треба да веруваат во изборниот систем, бидејќи тие се носители на демократијата. Само тие носат одлуки“, додаде техничкиот премиер.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: СДСМ ќе гласа согласно предлогот на Владата и ставот на пратениците на Алијанса

Ковачевски: Ќе биде светски феномен влада што е задолжена за да организира избори успее да падне

Лефков: Ковачевски и СДС за да продолжат со криминал го направија командант Форина премиер на Македонија, а сега го молат ДУИ за заеднички листи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС за да владее на поклон ја даде државата на ДУИ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: ДПМНЕ се заплетка, седи во техничка Влада со Џафери, а глуми дека не е

Катерина Ѓуровски

Примопредавање на премиерската функција, почнува мандатот на третата техничка Влада

Катерина Ѓуровски