Спасов: Соодветни мерки ако е прекршен законот во случајот Добрево

Од:

Доколку се утврди било какво непочитување на законот ќе бидат преземени конкретни мерки против сторителот. Државниот инспекторат за труд ја проверува настаната ситуација во рудникот Добрево и во текот на следната недела се очекуваат повеќе детали, изјави денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со несреќата во рудникот „Индоминерали и метали“ каде што се повредени двајца рудари, министерот Спасов најави дека ќе се направи реконструкција на случајот и оти ќе бидат ангажирани експерти кои ќе ги проверат и детектираат причините за несреќата.

– И досега покажавме дека водиме интензивни контроли на рудниците низ државата и секое непочитување на законот не се толерира и согласно законот се изрекуваат парични казни или кривични пријави. Во овој момент не можам да дадам повеќе детали, но очекуваме во текот на следната недела да имаме повеќе информации за овој случај, истакна Спасов.

Во експлозија што настана во рудникот „Индоминерали и метали“ беа повредени четириесет и двегодишниот Д.З. и четириесет и деветгодишниот З.Т. од Пробиштип.

Од „Индоминерали и метали“ денеска информираа дека несреќата се случила поради невнимание при ракување со експлозив од страна на еден од рударите. Оттаму прецизираат дека двајцата повредени рудари се надвор од животна опасност. Едниот од нив се задобил со потешки телесни повреди, а додека другиот има полесни повреди.

Би можело да ве интересира

Ќе успее ли Македонија да ќари од рекордното поскапување на бакарот на светските берзи?

А1он

Кој ќе ја плаќа отштетата за пропаднатите рударски инвестиции?

А1он

(ВИДЕО ) „Еуромакс ресоурцес“ со последна опомена до власта да го почитува законот, пред да почнат арбитража тешка милијарди евра

Орце Костов

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

Орце Костов

Петровски: Отварањето на нови рудници треба да биде приоритет, а не табу тема!

Македонското рударство од почитувана, профитабилна и значајана стопанска гранка до повици за забрана за отворање нови рудници