Спасов: Реализирани 6.868 вработувања преку програмите и активните мерки за вработување

Од:

Преку програмите и активните мерки за вработување од почетокот на годината до сега реализирани се 6.868 вработувања, информира денеска на прес-конференција министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Преку мерките кои се дел од оперативниот план, како што истакна, постигнати се 3.630 вработувања, а преку мерката ослободување од придонеси за вработување на млади лица 3.238 вработувања.

– Само во првите осум месеци од 2014 година имаме над 2.700 вработувања повеќе од вкупниот број на вработувања преку активните мерки за вработување во цела 2013 година, односно зголемување на ново отворените работни места преку активните мерки и политики за 65 проценти во споредба со минатата година, појасни Спасов.

Како посебно успешни мерки што даваат видливи резултати ги издвои мерката за ослободување од плаќање социјални придонеси за 12 месеци за вработување на млади со која реализирани се 3.238 вработувања, со субвенционирање на вработување има над 638, со обука кај познат работодавач 138 вработувања. До крајот на годината преку оваа мерка очекува да бидат опфатени уште 700 невработени лица

– Сакам да ги поттикнам и информирам приватните компании да ја искористат мерката за обука кај познат работодавач, да обучат и вработат нови работници. Огласот е континурано отворен до исцрпување на слободните места. Преку оваа мерка, лицата кои се на обука добиваат обука во реални услови кај работодавачот и по 5.700 денари месечно за период од три месеци, а компанијата добива до 25.000 денари за менторство и трошоци, истакна Спасов.

Преку програмата за грант средства од 3.000 евра за самовработување  досега биле потпишани 500 договори, а во наредниот месец ресорниот министер очекува да се потпишат уште 450 договори за поддршка за формирање и основање на мали бизниси, кои дополнително ќе придонесат за зголемување на ново отоворените работни места.

– Ги повикувам невработените лица кои имаат афинитети кон информатичката технологија да аплицираат на огласот за 100 висококвалитетни сертифицирани ИТ обуки кој трае до 5 септември. Набрзо очекуваме да се потпише договорот преку ИПА програмата за вториот директен грант од Европската унија во износ на околу два милиони евра, при што планирано е да се вклучат голем број невработени лица во постојните активни програми и мерки за вработување, рече Спасов.

Тој потсети дека преку Агенцијата за вработување воведен е популарно наречениот џоб маркет, односно веб сервисот за пазар на труд каде што се интегрирани понудата и побарувачката на работна сила и СМС известувањето на невработените лица за можностите што ги нуди државата.

– Ги повикувам невработените лица коишто сакаат побрзо да стигнат до работа, да ги следат огласите за активните мерки, активно да бараат работа, да не се откажуваат и постојано да ги надградуваат споствените вештини. Ги повикувам и приватните компании да се вклучат во овие процеси, да земат учество во мерката за вработување на млади, во мерката за обуки кај познат работодавач и во сите останати, да ги искористат мерките за вработување, бидејќи тие се вистинска поддрша за приватниот сектор, нагласи Спасов.

Политиките на отворањето на нови работни места и намалување на невработеноста, според него, спаѓаат меѓу основните и најзначајните заложби на Владата.

Би можело да ве интересира

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Влада: Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години, во октомври рекордно 17.769 вработени граѓани

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Влада: Оперативниот план за вработување вреден 1,8 милијарди денари ќе опфати речиси 15.000 лица

А1он