Синоќа во 19 часот во СВР Битола е пријавено дека во националниот парк Галичица во снег има заглавени странски државјани.
Полициски службеници и екипи од Територијалната противпожарна единица од Ресен заедно со стражарска служба Галичица излегле на терен и во 19.50 часот лицата биле пронајдени, извлечени од снегот и безбедно упатени до граничен премин Стење. Констатирано е дека се работи за четворица косовски државјани кои биле со патничко моторно возило “фолксваген пасат” со косовски таблиќки“, извести МВР.