Советот за утврдување на факти без дозвола си презема предмети, на сослушување повикана и Лидија Неделкова

Од:

Советот за утврдување на факти, за кој Венецијанската комисија има препорака да се укине по изборите, според одлуката на Владата од септември годинава, се активира пред да згасне.

Советот, иако има препорака да не зема предмети до укинувањето, ги повикува судиите од Врховниот суд на сослушување за предметот “Јустиција“ односно за одлуката за изземање на иститот од Основниот суд Скопје 1 и си вика на сослушување за веќе донесена одлука противзаконски се меша директно во работата на судиите.

Истиот совет со претставка од Владимир Панчевски ја повикува на сослушување и претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова затоа што побарала увид во предметот.

Освен скандалозната одлука на советот да си повикува луѓе на сослушување иако не смее да зема случаи, останува отворено и прашањето зошто Панчевски поднел претставка до советот, кога Неделкова како претседателка на Вхровниот суд има дозвола за увид во сите предмети.

– Јасно е дека јас како претседателка на Врховниот суд имам увид во сите предмети. Ако некој не ги знае законите, тоа не е мој проблем, рече Неделкова за А1он.

А1он ја праша претседателката на Врховниот суд дали е повикана на сослушување и дали е тоа притисок врз неа по интервјуто на Алсат, на што таа одговори дека прашањето треба да се постави во комисијата, бидејќи тие најдобро знаат која е причината.

– Се уште не сум добила покана, но кога ќе добијам, без проблем ќе отидам, вели Неделкова.

Во акцијата „Јустиција“, која се случи лани во октомври беа уапсени дваесет и пет лица од Одделот за прекршоци при Основниот суд Скопје 1 под сомнение за кривичното дело „несовесно работење во службата“.

Судиите на Врховниот суд донесоа решение за пренесување на месната надлежност за овој предмет од Скопскиот на Битолскиот суд, откако судиите на Основниот суд Скопје 1 истакнаа дека не смеат да ги судат своите колеги со цел да се отстрани можноста од појава на оправдано сомневање за непристрасното постапување.

Јавно обвинителство од Скопје склучи седум спогодби со судии и со судски службеници кои ја признаа вината и тие беа осудени на условна казна. Против петмина, пак, кривичната постапка беше запрена бидејќи се утврдило дека нема кривично дело кај нив. Процес беше покренат против 13 лица поради несовесно работење во службата.

Советот за утврдување факти беше формиран со цел да се обезбеди двостепена постапка за казнување или разрешување на судиите. Во времето кога се донесуваше, предизвика лавина реакции, бидејќи беше донесен по итна постапка и без јавна расправа.

Од страна на многу експерти беше критикувано како неуставно и паралелно тело. Не беше благонаклонето прифатено ниту од самите судии, при гласањето за основањето на Совет за утврдување факти го критикуваше и Венецијанската комисија која ја проблематизираше и уставноста на институцијата, а владејачката ВМРО-ДПМНЕ го бранеше Советот за факти како чекор кон усогласување со меѓународните стандарди.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов

Лидерите на Северна Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството, вели Стејт департментот

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Лога призна дека го упропастија судството, сега е време цела влада да си даде оставка

Предраг Петровиќ