Советот за општи работи на ЕУ одлучува за Србија, ниту датум, ниту заклучок за Македонија

Од:

Советот за општи работи на Европската унија (ГАК), денеска во Луксембург ќе ги усвои заклучоците за претстојниот Самит на Европскиот совет што в четврток и петок ќе се одржи во Брисел.

Како што јавува дописникот на МИА од земјата на Големото војводство, министрите за надворешни работи и европски прашања на земјите-членки на Унијата, според агендата на Ирското претседателство, а во однос на проширувањето се очекува да разговараат за можноста за доделување на датум за почеток на преговорите за членство на Србија и потпишување на Договор за стабилизација и асоцијација со Косово.

И покрај четирите последователни препораки на Европската комисија и на Европскиот парламент, Република Македонија денеска нема да добие ниту заклучок, ниту датум за преговори, иако формално таквиот предлог се наоѓа на денешната агенда.

Според најавите, шефовите на дипломатиите денеска само треба да констатираат дека „за можното отворање на пристапните преговори ќе се одлучува на идниот Самит“, што е и констатација на последните состаноци на амбасадорите на ЕУ-земјите во рамки на КОРЕПЕР групата. Како што објаснија од Ирското претседателство, во Унијата не постои консензус за прашањето во врска со отворање на преговорите со нашата земја, а се работи за противење на Грција и Бугарија, со што и по осум години статус на земја-кандидат, Македонија ќе почека на заслужениот датум.

Главна точка на денешната агенда на ГАК-от е усвојување на нов предлог за Повеќегодишната финансиска рамка (МФФ), односно идниот седумгодишен буџет на Унијата (2014 – 2020), со оглед на тоа што последниот предлог на Советот од 960 милијарди евра беше одбиен од Европскиот парламент.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Евакуирана Јелена Карлеуша, блокадерите ја нападнаа на сред концерт

ВИДЕО: Блокадерите фрлаа со камења кон полицијата, се разбегаа кога тргна во акција

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Никогаш нема да се повлечеме од преговори со ЕУ, цел на оваа Влада е државата да стане дел од Унијата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Гори хотел на планината Голија во Србија, гостите се евакуирани

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: ЕУ, САД и НАТО ја зајакнаа својата заедничка позиција за Украина

Горан Наумовски

Европските лидери поставија пет услови пред средбата Путин-Трамп