Советот на општина Дебар и комисиите работат во интерес на граѓаните

Од:

Советот на општина Дебар и комисиите кои функционираат во рамки на истиот секогаш работат во интерес на доброто на граѓаните и развојот на општината во целина.

Оваа оценката ја изнесе претседателот на Советот на општина Дебар, Башким Машкули.

– Советот брои 15 члена. Истите се од различни политички партии и од различна етничка припадност. Досега имаме одржано 49 седници на кои се донесени многу одлуки и решенија. Но, она што е најбитно е фактот што сите советници, секогаш при донесувањето на било кој документ, пред себе ги имале само интересите на граѓаните и општината во целина, оценува Машкули.

Првиот меѓу дебарските советници, посочува дека истата хармонија, разбирање и определба да се одлучува во интерес на граѓаните владее и во работата на комисиите формирани од Советот.

– Десетте комисии при Советот работат во функција на донесување на секоја одлука или друг документ од страна на советот. Во нив членуваат советници, но повеќето се стручни лица-експерти од соодветната област, нагласува Машкули.

Меѓу другите, во рамки на советот постојат, комисијата за статут и прописи, комисијата за финансии, буџет и локален економски развој, комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина, за општествени дејности, за мандатски прашања, избори и именувања, потоа комисијата за односи меѓу заедниците, како и родова рамноправност.

Би можело да ве интересира

Маж од Дебар им се заканувал на неговата мајка и на неговата малолетна сестра

Горан Наумовски

Општина Дебар бара од ЦУК да помогне во гаснење на два пожара од воздух

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Деветгодишниот Павел Ангеловски вторпат го фати светиот крст во Дебар

А1он

Кривична за родители: Ги запуштиле своите малолетни деца и ги терале да питачат

Дебранец вработен во поштата во Центар Жупа си присвоил над три милиони денари