Советот на јавни обвинители ги спаси од дисциплинска обвинителите кои не постапија на крававиот четврток

Од:

Советот на јавни обвинители донел одлука со која ја враќа од почеток дисциплинската постапка за тројцата обвинители Гордана Гешковска, Јове Цветановски и Злтако Биковски кои не постапија за крававиот четврток во Собранието, дознава „А1 он“.

Советот на седница расправал за жалбите на обвинителите кои беа дисциплински казнети да добиваат половина година за 30% пониска плата зашто не постапија на крвавиот четврток и им ги уважил жалбите. Постапките сега треба да почнат од почеток.

Обвинителите се жалеле на одлуката на петчлената комисија при Јавното обвинителство, која констатираше дисциплинска повреда. На одлуката се жалел и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој сметал дека решението за обвинителите е преблаго во однос на нивното непостапување.

Првиот човек на Советот, Коле Штерјев, не одговори на телефонскиот повик на „А1 он“. Членови на Советот кои ги контактиравме не сакаа да говорат за постапката.

Обвинителите Биковски, Гешковска и Цветановски со првостепената одлука куртулија од најстрогата казна, разрешување за ненавремено непреземање истражни дејствија на крвавиот четврток во Собранието. Правници за „А1 он“ велат дека за овој случај обвинителите треба да одговараат и кривично за злоупотреба на службената положба и овластување.

Критичниот ден на 27 април не бил направен веднаш увид во Собранието и не биле собрани доказите, наводно поради безбедноста на обвинителите, а не бил свикан ниту колегиум.

Увидот бил направен следниот ден, в петок, на 28 април, од двајца обвинители, но дотогаш веќе биле изнесени компјутерските хард-дискови со снимките од законодавниот дом. Петчлената дисциплинска комисија, работеше од средината на 2018 година и ги сослуша предложените сведоци.

Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски вечерта на 27 април свикал состанок на тројцата обвинители и заедно одлучиле да не постапат критичната вечер за организираниот напад на Собранието на 27 април. Зврлевски не беше дисциплиниран, зашто Собранието го разреши и не работи повеќе во Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Заев: Стравував дека ќе ми заврши животот на 27 април

(ВИДЕО) Заев: Очекувам Судот да дели правда за насилството од 27-ми април

Ана Ололовска

„Премиере имам малолетни деца, ме изманипулираа“, сведочеше обвинет за крвавиот четврток

Васко Маглешов

Врховните судии му ја одбија жалбата на семејството на Душко Лазаров

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Апостолски: Не ги добивме сите докази, судот ја одложи оценката на обвинението

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов