Советот на амбасадори го поздравува повлекувањето на Предлог- законот за надворешни работи од собраниска процедура

Од:

Советот на амбасадори го поздравува повлекувањето на Предлог- законот за надворешни работи од собраниска процедура од страна на актуелниот министер за надворешни работи.

Од Советот на амбасадори потсетуваат дека во декември 2019 година на првата јавна дебата ги изнеле своите ставови за Предлог-законот за надворешни работи истакнувајќи дека се работи за многу комплициран текст, во некои сегменти спротивно на некои одредби на Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.

– Совет на амбасадори уште еднаш го афирмира својот став дека Предлог-текстот на Законот за надворешни работи имаше за цел задоволување на меѓупартиските кадровски комбинаторики и апетити во едно многу чувствително време и во исто така чувствително подрачје како што е дипломатијата. Предлог текстот на Законот за надворешни работи веќе повлечен од собраниска процедура имаше за цел да создаде централизирано владеење на тогашниот МНР со група свои истомисленици и во некои сегменти беше далеку под квалитетот на Законот за МНР кој е се уште во сила, се вели во соопштението од Советот на амбасадори.

Од Советот посочуваат дека нашата држава по тридецении самостојна дипломатија треба да прави напори квалитетно да ја зајакне нејзината дипломатска служба во целина. Оваа суптилна служба, како што се наведувава, не може и не смее да биде инструмент на ограничен број на дипломати особено заради фактот што земјата се соочува со големи предизвици на нејзиниот пат кон евроинтеграциите.

Совет на амбасадори го потсетува актуелниот министер за надворешни работи дека во нивниот Совет членуваат истакнати дипломати од највисок ранг кои, како што се наведува, нашата земја ја претставувале надвор во најдобро светло и особено во најтешките мигови на осамостојувањето и од тие причини МНР не треба да ги игнорира нивните успеси. Дел од тие амбасадори како дипломати од кариера учествувале во изработката на многу акти во МНР и вклучително и на актуелниот Закон за надворешни работи. Од овие причини, Советот на амбасадори очекува во новоформираната Комисија за изработка на нов Закон за МНР да бидат вклучени и негови членови.

Би можело да ве интересира

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

Македонската амбасадорка во Софија повикана во бугарското МНР поради изјавите на вицепремиерот Николоски

МНР: Коридорот 8 е од стратешко значење, но важна е и подготвеност за соработка на Бугарија