Советник на Чулев дерејќи се натерал полицаец да се врати во станица бидејќи го застанал за време на полицискиот час

Од:

Вчера за време на полицискиот час, Зоран Ѓорѓиевски, кој е советник на техничкиот министер Наќе Чулев, му се дерел на полициски службеник, кому потоа му посочил дека ќе трпи последици бидејќи го сопрел со возилото за време на полицискиот час, дознава „А1он“. Ѓорѓиевски му издавал и наредби на полицаецот, иако според хиерархиската поставеност, тој немал таква надлежност. Министерот Наќе Чулев за „А1он“ потврди дека Ѓорѓиевски му е советник, а за случајот рече дека не е запознаен и дека ќе провери.

Според нашите извори, се сè случило во близина на Тетовскиот универзитетот, односно на пунктот лоциран на регионалниот пат Тетово-Волковија. Советникот Ѓорѓиевски откако бил запрен со возилото му се дерел на полицаецот, за потоа да му каже да се повлече во полициска станица и да пишува службени белешки, иако според наредбите од старешината, полицаецот требало да го контролира спроведувањето на полицискиот час. Извори за „А1он“ тврдат дека полицаецот бил условен од советникот на Чулев, кој му рекол дека ќе трпи последици доколку не се повлече во станицата.

По ваквото однесување од советникот Зоран Ѓорѓиевски, полицаецот му посочил дека не може тој да му издава наредби поради хиерархијата во МВР. Полицаецот му објаснувал на Ѓорѓиевски дека има полициски час и дека мораат да го застанат, но и покрај ова, Ѓорѓиевски настојувал службеникот да се повлече во станица. И по објаснувањето, полицаецот бил приморан да се врати во станица, а со него дошол и Ѓорѓиевски.

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, вели дека утринава не добил ваква информација, а во моментов има поважни прашања, но за случајот ќе провери и ќе даде одговор.

„Ова не е најважно прашање во моментов, но секој медиум заслужува одговор. Јас утринава имав повеќе состаноци со кризните штабови, не сум запознаен со ова. Ќе проверам и ќе задолжам лице да ви даде одговор“, рече министерот Чулев.

„А1он“ не успеа да добие и стапи во контакт со советникот на министерот Чулев, Зоран Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски