Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара вонредна седница на Советот на Град Скопје: Нема да дозволиме градот да остане без јавен превоз

Од:

Очигледно дека власта на СДС и ДУИ потонаа во медарството на Данела Арсовска. Од многу заедничко медарање скопјани може да останат без јавен превоз. Ете така изгледа кога коалицијата Арсовска, СДС, ДУИ кохабитираат за Скопје, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

„Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи неспособното и неодговорно однесување на владата, град Скопје, градоначалничката и раководството на ЈСП да ги остави граѓаните, студентите, учениците, пензионерите без јавен превоз и како советничка група бараме итна вонредна седница за спас на јавниот превоз, каде ќе доставиме одлука за префрлање средства на ЈСП и приватните превозници“, се додава во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

ЦГК: По две поништени постапки, „Икарус“ и „Зонгтонг“ од конкуренти станаа партнери за набавката на електрични автобуси

Левица: Орце Ѓорѓиевски и ДПМНЕ го претвораат Советот на Град Скопје во режирана претстава без можност за дебата

Левица: Милиони за прскање без доказ дека делува – исти фирми и средства

Катерина Ѓуровски

Случаите на Западнонилска треска повторно ги актуелизираа предупредувањата за средството за прскањето против комарци

Предраг Петровиќ

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он